речник контакт

Кој се тепаше пред седум дена во дворот на Хемиска?

Од Хемиска демантираат дека имало нивни учениции. Полиција се уште го истражува случајот

Петар Печков

Директорката на средното  Хемиско училиште Димитрие Чупоски ги демантираше наводите на велешка полиција дека ученици од оваа образовна институција  биле дел oд тепачката во која учествуваа 12 лица. Таа покажа документ од СВР Велес , со кој  се докажувало дека нивни ученици не биле дел од тепачката.

На мое барање од СВР Велес добив   известување дека ниту еден ученик од Димитрие Чупоски не е учесник во тепачката.  Дворот на двете училишта, не  е само наш туку и  на Гимназијата и  е отворен за  граѓаните, така што инцидентот се случи надвор од зградата на училиштето – рече Валентина Јовева директорка на  Димитрие Чупоски.

Од полицијата велат дека следната седмица ќе излезат со информација за овој настан и дека истрагата ја привршуваат.

 А еве што СВР Велес пред седум дена ни испрати за овој настан како соопштение.
 

ДО: - СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ

ПРЕДМЕТ: СООПШТЕНИЕ;
На ден 07.о6.2013 година околу 13 часот во кругот на гимназијата и средното хемиско училиште во Велес се случи нарушување на ЈРМ помеѓу 10-тина ученици од средното хемиско училиште Димитрие Чуповски и УСО Коле Неделковски, како и две лица од Скопје, во тепачката се користени метален боксирач и ножови, а едно од лицата е прободено во левата рака,истото е пренесено во медицинскиот центар во Велес каде се констатирани телесни повреди.
Мотивот за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање.

СВР Велес работи на целосно откривање и документирање на случајот, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави
 

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ОДНОСИ   СО ЈАВНОСТ ПРИ СВР ВЕЛЕС
                Ненко Александов

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »